Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Градоначалникот Георгиески во работна посета на Израел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Izrael_19022020001

Градоначалникот Константин Георгиески деновиве престојува во работна посета на Израел.

Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот оствари средба со Ран Куник, градоначалник на градот Гиватаим, на која се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двата града и потпишување на меморандум за соработка. Исто така се разговараше и за размена на искуства за искористување на иновациите и техничко технолошкиот развој за подобро функционирање на урбаните средини.

— реклама —

Градоначалникот Георгиески ја посети и Опсерваторијата и Центарот за наука, а беше во посета и на едно од деветте основни училишта во Гиватаим, каде што имаше свое обраќање и се запозна со начинот на одвивање на наставата и современите образовни практики.

— реклама —

Исто така, во рамки на вчерашниот ден, градоначалникот оствари и значајни средби со претставници на бизнис секторот на Израел, а беше во посета и на Smart City центарот во Универзитетот „Бар Илан“ во Тел Авив. Заедно со Амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Дан Оријан градоначалникот проследи презентации за Smart City платформите за сообраќај и јавно осветлување кои се користат во различни урбани центри и метрополи во светот.

— реклама —

фото: Општина Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 1 година

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања