Промени тема
Контакт

Градоначалникот Георгиевски ги додели наградите за најубаво уредени дворови и балкони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
IMG_8194

Градоначалникот на општина Гази Баба денеска додели награди за најубаво уредени приватни и стопански дворови и балкони. За проектот “Цвеќето и зеленилото на нашата општина” се пријавија 24 лица, а наградите беа рангирани во 3 категории. Награди добија 5 лица и тоа 3 за најдобро уреден двор поделени во прво, второ и трето место, едно лице за најдобро уреден балкон и едно лице доби награда за најдобро уредено зеленило пред стопански објект. Наградените добија градинарски алат кој ќе им служи за одржување на зеленилото.

— реклама —

„Целта е ваквите проекти да го мотивира населението да ја озелени и ја обои својата животна средина, а со тоа да се разубави и општина Гази Баба. Ние и понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме проектите кои придонесуваат за подобрување на животната средина во општина Гази Баба. Досега успеавме да направиме клучни промени во овој дел и тоа: -за Јавното комунално претпријатие “Гази Баба 2007” кое беше заборавено - набавивме нова опрема и нова механизација, изградивме соодветен нов објект, овозможивме нови вработивања, се во функција на граѓаните, потоа поставивме нова урбана опрема во неколку населени места, постојано ги чистиме и одржуваме дивите депонии, реализиравме неколку еко акции,  а даваме и поддршка за менување на кровови и доделуваме субвенции за набавка на печки на пелети“, изјави градоначалникот Георгиевски.

— реклама —
— реклама —

Овој настан се спроведува под покровителство на општина Гази Баба а се реализира со Организацијата на жени на општина Гази Баба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања