Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Градоначалникот на Чучер Сандево: Едно лице побара лекарска помош поради вдишување на чад, а изгореа и неколку викендички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
vikendici

Пожарот што веќе трет ден беснее на подрачјето на општина Чучер Сандево предизвика сериозна материјална штета и опасни услови за жителите. Градоначалникот Сашко Комненовиќ посочува дека досега се опожарени седум викенд-куќи на местото викано Голиово, а едно лице побарало лекарска помош поради вдишување чад.

— реклама —

Контра изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој за медиумите тврдеше дека нема опожарени објекти и дека манастирот Свети Никита не бил во опасност, Комненовиќ дава сосема различни информации.

— реклама —

„Директорот не знае што зборува. Јас сум тука трет ден, дома не сум појден, имаме седум опожарени викенд-куќи и на место викано Голиово. Манастирот Свети Никита во моментов не е во опасност. Имаме противпожарно возило кај него, имаме луѓе од граѓаните кои живеат во непосредна близина, но во текот на вчерашниот ден беше во опасна состојба, беше многу блиску пожарот до самиот манастир. Пред два часа имавме пожар во Кучевиште, го локализираме и се сомневаме дека е подметнат. За воените возила гледав и слушав од медиумите, искрено не

— реклама —

знам како функционираат, видов неколку тука“, вели Комненовиќ.

Според него, иако на терен има пожарникари, непристапниот терен ја отежнува интервенцијата.

„Доброволци има на терен многу, сè што е здраво, живо и подвижно гаси. Пожарот во моментов е активен, го држиме под контрола, но како ќе се зголемуваат температурите можно е да се зголеми интензитетот на пожарот“, додаде градоначалникот.

Општина Чучер Сандево веќе тридена се соочува со пожари на повеќе локации, додека жителите, пожарникарите и волонтерите вложуваат напори да спречат ширење на огнот, особено во услови на високи температури и тешко пристапни терени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања