Градоначалникот на Дебарца, Зоран Ногачески молчи за приведувањето на неколкуте жители на Волино, каде тој живее. Тој е пред полициската станица во Охрид, но не сакаше да коментира околу настаните, каде очиведиец тврди дека имало и крв, но и фаќање за врат.
“Не сакам да коментирам”, рече градоначалникот.
Инаку по фудбалскиот натпревар и преведувањето на фудбалер од село Волино, група жители излегоа пред полициската станица. Полицијата го обиколи седиштето, а пред него граѓаните бараат ослободување на приведените. Причината за инцидентите во Волино е судиска одлука на фудбалскиот натпревар. Имено откако судијата пресудил, една група незадоволни од пресудата тргнале физички да се пресметуваат. На ова реагирала полицијата, по што биле приведени неколку лица. Од МВР велат дека за инцидентот известен е и обвинител. Се работи на расчистување на случајот.