Градоначалникот на Гази Баба, назначил лице без лиценца за ревизор, без положен испит, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
BobanStefkovski31052021

Денеска СДСМ објавува скандал, основано сомнение за незаконско работење на градоначалникот на ВМРO-ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски.

— реклама —

„За целиот скандал поседуваме документи и докази доставени од страна на свиркачи.

— реклама —

Спротивно на законот, градоначалникот на општина Гази Баба, назначил лице без лиценца за ревизор, без положен испит, извесен Добри Петров.

— реклама —

Станува збор за Добри Петров, назначен за вд директор на Јавното комунално претпријатие Гази Баба.

/dokument_1-3-1" rel="attachment wp-att-168336">

Листата на овластени ревизори е лесно достапна на веб страната на Институтот за овластени ревизори, и јасно е дека Добри Петров нема положен испит за внатрешен ревизор и нема лиценца. (https://www.iorrm.org.mk/doc/%D0%98%D0%9E%D0%A0%D0%A0%D0%9C%20-%20%D0%A0%D0%95%D0%93%D0%98%D0%A1%D0%A2%D0%90%D0%A0%20%D0%9D%D0%90%20%D0%A0%D0%95%D0%92%D0%98%D0%97%D0%9E%D0%A0%D0%98%20-%2018.02.2022.pdf )

Со ова прекршен е Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Но, не и последено.

Неовластеното лице кое било незаконски избрано за ревизор, бил исто така незаконски задолжен да изврши ревизија на работата на детската градинка „Детска Радост“.

Тоа е овој документ на којшто стои неговиот потпис.

/dokument_1-2-4" rel="attachment wp-att-168338">

Бидејќи неовластено лице го правело овој документ, по налог на градоначалникот, злоупотребена е службената положба и овластување.

Понатаму, лицето кое без лиценца ја вршело ревизијата, ревизорскиот извештај, наместо согласно Законот да го достави прво кај директорката на градинката го доставил кај градоначалникот.

Врз основа на овој незаконски Извештај директорката на градинката е разрешена.

Очигледно целта на целата оваа незаконска операција била заради разрешување на директорката на градинката „Детска Радост“.

Со незаконска постапка, со незаконски назначување лице за ревизор кое не било ревизор и со незаконски Извештај.

/dokument_1-1-2" rel="attachment wp-att-168337">

Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ почитувани граѓани.

Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, кое е локална власт во најголем дел од општините.

Со општините владеат како шерифи, без почитување на закони и прописи со единствена цел, да разрешуваат и да именуваат нивни партиски војници и извршители.

Очекуваме од сите надлежни институции по допрен глас да покренат соодветни законски процедури за овој скандал.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ јавно да го повикаат на одговорност нивниот градоначалник и сите инволвирани во овој скандал“, вели Богданка Кузеска од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања