„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Градоначалникот на Крушево: Немаше никакви „клоци“ и „шамари“, туку вербална расправија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
tome-hristoski

Немаше никакви „клоци“ и „шамари“, туку вербална расправија, а ситуацијата градоначалникот ја пријави во полициската станица. Ова е реакцијата на крушевскиот градоначалник Томе Христоски и е соопштено преку службата за односи со јавноста на локалната самоуправа, за наводните објави дека градоначалникот физички нападнал активист и член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, објави Телма.

— реклама —

– Одредени медиуми еднострано пренесуваат информации и одбиваат да ја слушнат и втората страна. Имено, партијата ВМРО-ДПМНЕ од Крушево синоќа објави дека, наводно, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, физички нападнал граѓанин на општината, односно, како што пишуваат од партијата – член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, соопштуваат преку службата за односи со јавноста од Општина Крушево.

На ваквите наводи Христоски реагирал веднаш на својот профил на социјалните мрежи, негирајќи каква било физичка пресметка. Во неговиот статус на социјалните мрежи стои:

— реклама —

-Почитувани сограѓани, како градоначалник и како крушевчанец нема да дозволам никој да им се заканува на граѓаните, ниту пак да прави конструкции и да изнесува лаги за политички профит. Помина времето кога врз основа на „силата” на партијата се заканувале, навредувале и тепале, дури и исценирале случаи во кои напаѓачот се преставувал жртва. Синоќа немаше никакви „клоци” и „шамари” како што очајно се обидува да се прикаже. Вечерва имаше вербална расправија во која цврсто застанав против заканите кон граѓаните од типот „ќе видите вие комуњари кога ќе дојдеме на власт” и други погрдни зборови и провокации. Случајот веднаш го пријавив в полиција поради лична, но и поради безбедноста на сите граѓани, стои во објавата на Христоски, соопштуваат од службата за одоси со јавноста на општина Крушево.

Извор: Телма.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања