Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, под истрага за затајување данок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
gradonaclnik-ljubjana

Словенечката финансиска полиција упишала хипотека на семејната куќа на љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ за да ја обезбеди наплатата на потенцијален долг од 335.000 евра, настанат од даночно затајување.

Јанковиќ, некогашен директор на „Меркатор“ и бизнисмен, веќе четврти мандат е градоначалник на Љубљана.

— реклама —

Официјално не се кажува на што и на кои бизниси се однесува потенцијалниот даночен долг, но порталот наведува дека постапката е отворена веќе трета година, а се однесува на парични трансакции меѓу Јанковиќ и неговите два сина, на кои официјално им ја продал својата компанија „Електра“, а потоа од нив, односно од „Електра“, назад примил огромни износи како рати за уплата на долг од осум милиони евра.

Синовите парите на компанијата му ги префрлале на таткото и тогаш кога „Електра“ влегла во неликвидност, заради што остантите нејзини доверители безуспешно ги очекувале своите пари.

— реклама —

Со примените пари Јанковиќ намирувал и некои долгови на другите свои фирми, наведува порталот.

Даночниците оцениле дека средствата што на својата сметка ги добивал Зоран Јанковиќ не се поврат на кредитот што им го дал на синовите, туку негов личен приход, што подлежи на оданочување, наведува порталот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања