Промени тема
Контакт

Градоначалникот на Охрид, брутален: Подмоље, Дебрца, Пецак, а богами и ВМРО со голема буква почетна се пишет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
290266770_448170893989597_374681502270615387_n

Коментирајќи статус на социјалните мрежи каде е искритикуван, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, им порача: „Господ на помош само да ви е“. Тој тврди дека авторот е професорка која постојано го споменува, па и упати порака.

— реклама —

„Не е само да си професор и академски граѓанин, дополнително сме и колеги, ама очигледно е и до капацитетот.... Е тука ви немат друга помош, Господ напомош само да ви е.. Општина Охрид го изгради водоводот за селото Подмоље, затоа што е во територија на општина Охрид, но селото се снабдува со вода од водоводот во Дебрца и затоа кога има дефект или прекин во водоснабдувањето, треба да се обратите во општина Дебрца, но тука малу погоре спомнав за капацитетот кој дава можност за процесирање и разбирање на работите...

— реклама —
— реклама —

Досега во повеќе наврати ме спомнала професорката, а јас во принцип не се занимавам со луѓе, на кои социјалните мрежи, му се сѐ на светов и мислејќи дека се инфлуенсери таму, тој истиот начин на живот му е каква таква душевна храна,на ионака дерогираното и со ништо наситено ЕГО( доста примери имат слични и со други пропаднати политичари,сега аналитичари и колумнисти и тнр. инфлуенсери, зш ја изгубиле моќта која му ја дала претходно самата политика, ама за нив во друга прилика наскоро), но сепак сега морав да ве поздравам, иако не соодветно на вашиот уличарски стил, здравје можеби следен пат. Подмоље, Дебрца, Пецак, а богами и ВМРО со голема буква почетна се пишет. Писменоста се добива во почетните години од образованието уште од најмали нозе, а интелегенцијата или ја имаш или ја немаш, за среќа вие професорке ја имате“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања