Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Градоначалникот на Охрид делеше чај на работниците кои 24 часа непрекинато чистат снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
2-5

Во Охрид непрекинато се чисти, а планинарот и градоначалник на Охрид со Планинската служба за спасување делеше топол чај на работниците кои чистат снег во Охрид.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски вечерва делеше топол чај на работниците кои веќе 24 часа на минусни температури непрекинато работат на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите во Охрид.

— реклама —

Градоначалникот Константин чајот го делеше заедно со „Планинската служба за спасување“ од Охрид, чиј дел е и самиот Константин кој е еден од најистакнатите охридски планинари.

— реклама —

Во Охрид 24 часа непрекинато и интензивно паѓа снег а градската власт со сите расположливи средства и работна сила на јавните претпријатија се бори да ги расчисти улиците и тротоарите.

— реклама —

Граѓаните позитивно одговорија на повикот на властите да се вклучат во чистењето на снегот и речиси сите ги чистеа тротоарите пред своите домови или деловни простории.

— реклама —

Според прогнозата, снег ќе паѓа во текот на целата ноќ и утрешниот ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања