Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

По повод Велики Четврток, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски упати порака за хуманост и солидарност, нагласувајќи дека празникот е време кога поддршката е најпотребна за најранливите категории граѓани.

— реклама —

Тој истакна дека грижата за бездомните лица е показател за човечноста на едно општество, особено во услови кога дел од нив се соочуваат со недостиг на основни услови за живот.

— реклама —

Во рамки на денешните активности, заедно со претседателот на здружението за помош на бездомни и социјално загрозени лица, Тони Станковски, биле поделени повеќе од 300 оброци за лица во социјален ризик.

— реклама —

Градоначалникот посочи дека поддршката нема да застане тука и потсети дека од почетокот на неговиот мандат се вработени десетина бездомни лица, на кои им е обезбедено сместување и можност за нов почеток.

— реклама —

Тој порача дека ќе продолжи со активностите насочени кон подобрување на условите за живот и намалување на бројот на лица кои живеат без основни средства за егзистенција, потенцирајќи дека секој човек заслужува достоинствен живот и празници исполнети со грижа и внимание.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ku9c8ugju82f46k3Yv

Ѓорѓиевски најавува 100 нови автобуси, мегапарк и подземна улица

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-librarypdidt52vukkocB8JCVG

(Фото) Од дива депонија до мегапарк: Карпош добива зелена површина од 86.000 квадратни метри

Скопје | пред 1 седмица

media-librarybg01h6c6o4rlaYuQdTM

Ѓорѓиевски на средба со ГРЕКО: Транспарентноста и одговорноста се темел на довербата на граѓаните

Скопје | пред 2 седмици

media-librarybeoq1r3hnar07xnPXZi

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време – и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања