Промени тема
Контакт

Градоначалникот Пецаков на средба со полскиот амбасадор Гжелчик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Ambasador_Polska_21072023003

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска, оствари протоколарна средба со полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик.

— реклама —

На средбата беше разговарано за унапредување на меѓусебната соработка во сферата на туризмот. Градоначалникот го информираше амбасадорот дека благодарение на двете сезонски авиолинии од Варшава и Катовице кон Охрид, значително е зголемен бројот на полските туристи во градот во текот на летната сезона. Двајцата соговорници се согласија дека се потребни повеќе активности за поголема промоција на туристичките потенцијали на Охрид на полскиот туристички пазар.

— реклама —
— реклама —

Тема на средбата беше и соработката на полето на културата, особено во креирање на програмата на реномираниот фестивал „Охридско Лето“, во чии рамки годинава, на 22-ти јули ќе биде организирана „Полска вечер“ на која ќе настапат музичките уметници Емилија Гох Салвадор и Емануел Салвадор.

— реклама —

Исто така градоначалникот и амбасадорот разговараа и за потенцијалните можности за соработка помеѓу Охрид и одредени полски општини, со цел реализирање на заеднички проекти преку фондовите од Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања