Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Градоначалникот Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Турција Фатих Улусој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
pecakov

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Турција (Туркије), Н.Е. Фатих Улусој кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

— реклама —

На средбата беше разговарано за можностите за зајакнување на заедничката соработка во повеќе општествени сфери, пред се во делот на туризмот, економијата и културата.

Градоначалникот Пецаков го информираше турскиот амбасадор Улусој дека од година во година се зголемува бројот на турски туристи кои го посетуваат Охрид и изрази надеж дека ваквата тенденција ќе продолжи и во иднина.

— реклама —

Во фокус на средбата беше и можноста за воведување на сезонска авио линија од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ која би дала значителен придонес во туристичката соработка, подобрување на условите за патување и поврзување на двете пријателски држави.

— реклама —

Соговорниците разговараа и за можностите за инвестирање во туристичкиот сектор на Охридското крајбрежје како и за условите за странските инвеститори во делот на стопанството. На средбата беше разговарано и за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи Општина Охрид како и за можноста за соработка во делот на образованието.

Двајцата соговорници ја потенцираа и важноста на културната размена и можноста за гостување на турски уметници за фестивалот Охридско Лето.

— реклама —

На средбата во Општина Охрид, амбасадорот Улусој беше придружуван од почесниот конзул на Република Турција (Туркије) во Охрид, Абдураман Бајрактар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања