Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Градоначалникот Пецаков оствари средба со австрискиот амбасадор Памер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
POSETA_AMBASADOR_AVSTRIJA-1-scaled-1

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер.

— реклама —

Амбасадорот беше придружуван од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.

На средбата на која присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид се разговараше за можноста за воспоставување на соработка, во делот на противпожарната заштита. Особено беше потенцирана потребата од активна волонтерска служба за противпожарна заштита, која треба да биде соодветно опремена за делување при поголеми пожари на отворено. Исто така, стана збор и за можни проекти кои би обезбедиле дополнителна опрема и обуки за противпожарната единица во Охрид.

— реклама —

Градоначалникот изрази големо задоволство од посетата на австриската делегација и надеж дека од оваа средба ќе произлезе конкретна идна соработка.

Во рамки на денешната посета, австриската делегација имаше средба и со вработените во ТППЕ Охрид, каде гостите имаа можност да се запознаат со техничката опременост, капацитетите и ресурсите со кои располага противпожарната единица. Беше остварена посета и на просториите кои ги користи доброволно противпожарно друштво „Ентузијаст“. Членовите на оваа волонтерската организација во текот на изминатиот период беа дел од многу значајни теренски интервенции за гаснење на пожари во Охридскиот регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytsd3pera9qr97cJLx58

Пецаков: Општинскиот долг го намаливме за над 10 милиони евра, работиме на нови сообраќајни решенија, како и ново училиште

Македонија | пред 5 месеци

Kiril-Prlicev20250228011

𝟣𝟧𝟢 години од раѓањето на Кирил Прличев

ОО | пред 1 година

Nacrt-SOZS-Izvestaj-NSUT-Draft-SEA-Report-NWMS_MK-2

Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена

ОО | пред 1 година

145-36

Дигитализирана „Едицијата охридско книжевно наследство“

ОО | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања