Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Градоначалникот Таравари ги одликуваа тие што спасуваа животи во автобуската несреќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
taravari-123

Делегација на Месната заедница на село Ласкарце предводена од престедателот Самет Мисини, денеска ја посетија општина Гостивар, за да на градоначалникот Арбен Таравари и на граѓаните на Гостивар им изразат сочувство за загинатите и желби за брзо оздравување на преживеаните од трагедијата од 13 февруари.

“Постојано ги броиме жртвите, но понекогаш забораваме дека таа трагедија ја преживеаја 38 други лица, и сето тоа, пред се благодарение на придонесот на овие луѓе, кои дојдоа денес тука кај нас да ни изразат сочувстви и благодарение на нивните соселани, кои со сите сили им излегова во пресрет и успеаја да спасат многу животи. Секако, Гостивар им должи на овие луѓе почит и вечна благодарност”, изтакна Таравари.

— реклама —

Тој информираше дека утре во 13:00 часот ќе го посети местото на настанот, при што ќе се сретне и со жителите на ова село херој, ќе им се заблагодари и ќе побара предлози од нив за некој инфраструктурен проект којшто Општина Гостивар, во рамки на можностите ќе може да го реализира како донација.

“Преку овој проект, би сакал ние како гостиварци да ги зајакнеме односите со жителите на Ласкарце, секогаш да се сеќаваме на овие херои и ова да послужи како пример за хуманост и солидарност”, подвлече градоначалникот Арбен Таравари.

— реклама —

“Не може со зборови да се опише ужасот што го видовме ние кои први истрчавме за да помогнеме. Ние како народ сме хѐумани луѓе и помагаме во тешки моменти. Како претседател на месната заедница, им се заблагодарувам на моите соселани што толку брзо се мобилизираа и организирани со сите можни средства да помогнат колку што е можно повеќе луѓе да спасат”, истакна претседателот на МЗ Ласкарце, село Самет Мисини.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во знак на почит и благодарност, на претседателот на МЗ Ласкарце, Самет Мисини му додели Благодарница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања