Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, ноќеска се вклучил во гаснењето на пожарот што се приближил до последните куќи во општината, објави страницата „Се молиме за Македонија“.
Според објавата, Маневски околу 2 часот по полноќ добил повик за помош, по што веднаш се упатил кон општината и го зел противпожарниот камион со кој располага локалната самоуправа.
Во меѓувреме биле повикани и членовите на Доброволното противпожарно друштво Зелениково, кои се приклучиле во гаснењето на пожарот.
Во објавата се истакнува дека Општина Зелениково, и покрај скромниот буџет и бројот на жители, располага со ново противпожарно возило „Мицубиши“, кое овозможува брза реакција при пожари.
Од „Се молиме за Македонија“ посочуваат дека градоначалникот и Општината и претходно помагале со возилото, но без, како што наведуваат, јавно експонирање.