„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Градот Скопје го презентираше проектот за БРТ – системот за брз автобуски превоз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Што претставува БРТ системот на јавен превоз и зошто Градот Скопје го одбра токму овој модел на јавен транспорт како најдобро, најбрзо, најбезбедно и најисплатливо решение за Скопје беа главните прашања на кои одговори денешната презентација на системот за брз автобуски превоз во Скопје, што се одржа во хотелот „Хилтон“. На презентацијата присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, помошник директорот на ЕБОР, Ијан Џенингс, сообраќајниот експерт од областа на јавен градски превоз, Никола Крстаноски, сообраќајниот експерт за БРТ, Градимир Стефановиќ, генералниот менаџер на израелската компанија РОМ Транспортејшн, Моше Хирш, потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија, Љупчо Николовски, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, градоначалници и претставници од невладиниот сектор.

— реклама —

- Воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз во Скопје е еден исклучително важен и голем историски чекор напред во урбаниот развој на градот. Целта на денешната презентација е да се обидеме да креираме јасна претстава за јавноста, пред се за граѓаните како главни актери во урбаната мобилност, за тоа што претставува БРТ системот и зошто го одбравме токму овој модел на јавен транспорт како најдобро, најбрзо, најбезбедно и најисплатливо решение за Скопје како главен и најголем град во нашата држава. Со нас денеска се четворица врвни експерти со респектабилен меѓународен углед кои се можеби најдобриот избор на луѓе кои многу добро ја познаваат проблематиката на урбаниот јавен транспорт на патници, со огромно искуство во оваа област од повеќе различни градови во светот. Сакам да замолам внимателно да ги сослушаме со цел да можеме да развиеме една квалитетна интерактивна дискусија подоцна, која, се надевам, ќе расчисти многу дилеми кои се јавуваат во јавноста. Ќе бидам среќен ако успееме да отвориме што е можно повеќе прашања кои на стручно ниво ќе ни ги елаборираат експертите затоа што на крајот на денот овие прашања треба да бидат одговорени заради граѓаните. А, граѓаните имаат право да ги знаат сите информации за тоа на кој начин се развива градот во кој живеат и колку ќе се подобри квалитетот на живот со подобрувањето на урбаната мобилност преку воведување на БРТ во Скопје – рече градоначалникот Шилегов во своето воведно обраќање пред присутните на денешната презентација.

— реклама —

Тој нагласи дека е горд што Градот Скопје почнува нова историја во јавниот транспорт кој ќе гарантира позитивно влијание во заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот.

Според помошник директорот на Европската банка за обнова и развој од Лондон, Ијан Џенингс, ЕБОР секоја година вложува 250 милиони евра во развој на градски транспортни системи.

ЕБОР и Град Скопје веќе соработуваа при набавката на 33 нови МАН автобуси на гас, изработката на акцискиот план за зелен град, како и на Студијата за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз. Сега се радувам на соработката при воведувањето на БРТ во Скопје кој е еколошки проект, пристапен за сите граѓани. Ваков проект кој ќе го трансформира превозот во Скопје бара голема посветеност и соработка – рече Џенингс.

За потсетување, со БРТ се воспоставуваат две линии со коридори резервирани само за ултра-еколошки автобуси - од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, и од Бутел до Кисела Вода. Трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4 км и 20 автобуски станици. Проектираната вредност за овие две рути е околу 70 милиони евра, што подразбира и набавка на возилата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања