Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Градот Скопје ќе финансира проекти и активности од интерес на младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Град Скопје денеска го објави Јавниот повик за распоредување буџетски средства за финансирање програми, проекти, активности и манифестации за младите од интерес на Град Скопје за 2022 година.

— реклама —

Со овој јавен повик, Град Скопје сака да ги поттикне младите активно да учествуваат во општеството низ афирмација и поддршка на младинските активности, младинската работа и неформално образование на подрачјето на градот Скопје; да поттикне сојузи, здруженија и други облици на здружување да учествуваат во креирање и спроведување на младинската политика во Скопје, како и зајакнување на капацитетот на здруженијата за млади на подрачјето на град Скопје; да обезбеди услови за активно и квалитетно искористување на слободното време на младите; да ги поттикне младите да учество во спортско-рекреативни активности со акцент на негување здрави животни навики, да волонтираат, да организираат семинари и едукации; да ги поттикне младите да се вклучат во активности од областа на културата и уметноста, за заштита на животната срединаи просторното уредување во Скопје, како и да ги поттикне во креирање идеи од областа на информатичката технологија.

Средствата за финансирање на активностите ќе се доделуваат од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, од Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје за оваа година.

— реклама —

Потребните податоци, како и предлог програмите и проектите, програмските активности и манифестациите, со финансиската конструкција треба да се достават на посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака 16) или да се преземе од официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk

Јавниот повик се објавува на 09.04.2022 година и трае до 21.04.2022 година. Јавниот повик, Програмата за млади, како и сите други пријави и потребни документи за јавниот повик се објавени на следната интернет врска - https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања