Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Градот Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за 2019

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Град Скопје ги известува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ број 61/2004....23/2016), започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина  до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните,  односно таксените обврзници.

— реклама —

Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови треба да ги подмират своите обврски.

Напоменуваме дека доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

— реклама —

                                                             

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања