Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Градот Скопје подготвен за претстојната зима и зимското одржување на улиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Zimska-sluzba

Градот Скопје и јавните градски претпријатија се подготвени за претстојната зима и зимското одржување на улиците што се во нивна надлежност, а врз основа на програмата усвоена од Советот на Град Скопје. Екипите на Град Скопје во зимски услови одржуваат коловозни површини од 2.600.000 квадратни метри. За сезоната 2019/2020 се обезбедени 6.000 тони индустриска сол, од кои 2.000 тони се залиха од зимската служба 2018/2019. Обезбедени се и 300 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини.

— реклама —

ЈП „Улици и патишта“ изготвува и предлага Оперативен план за функционирање на зимската служба и е носител на активностите за зимското одржување со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал. И оваа година  Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 15 камиони од фирмата „Аполо“, кои се опремени со навигациски уреди.

Обезбедените материјали се складирани во трите пункта на ЈП „Улици и патишта“ - асфалтната база на ЈП „Улици и патишта“ во кругот на фабриката „Железара“, Стара механизација на улица Христо Татарчев во Кисела Вода и во Ѓорче Петров на улица Лепенец. Во пунктовите се организирани 24 часовни дежурства, а материјалите ќе се употребуваат согласно со временските услови.

— реклама —

Во текот на зимската служба коловозните ленти ќе се расчистуваат според приоритетите, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот до стопанските објекти. Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамките на програмата и своите надлежности да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавните површини во зимски услови.

Кризниот штаб апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата навреме да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавната чистота, ќе изрекуваат казни.

Зимското одржување на градските улици и булевари завршува на 15 март 2020 година.

фото: Град Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања