Во недостиг од идеи, главно ветување на кандидатите за градоначалници на СДСМ пред локалните избори беше чистиот воздух, но без никакви конкретни мерки како би дошло токму до тој почист воздух.
Но, не само што нема ништо од чистиот воздух кој беше ветуван, туку во најголем дел од градовите во Македонија, би можело да се каже и дека е ризично да се излегува од домовите, пишува во саботата порталот Курир.мк
Во текот на вчерашниот ден најзагадени градови во Република Македонија беа Битола и Скопје, каде концентрацијата на ПМ 10 честички беше на доста високо ниво.
Наместо конкретни мерки за справување со загадувањето, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој и самиот призна дека нема целосен план за справување со овој проблем, реши да удри директно по џебот на граѓаните, со најава дека ќе се поскапува паркингот во Скопје.
Од градот Скопје наведоа дека сите мерки за справување со загадувањето се во фаза на предвидување и планирање.
Експертската јавност коментира дека празното ветување со кое СДСМ дојде до гласови на изборите, сега им се удира од глава. Како што велат тие, СДСМ ветуваше чист воздух, но без никаков план и мерки како до тоа би дошле, што може да се види сега.
Инаку освен Скопје и Битола, големо е загадувањето и во другите градови и населени места во Македонија.