Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со низа настани за „Бела ноќ“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
309111272_450289800413920_5393025291065402128_n

И во активностите за едно од најпрепознатливите скопски случувања, Библиотеката се обидува да стигне до што повеќе свои членови, но и до пошироката публика.

— реклама —

Скопје, 30 октомври - ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ како еден од двигателите на културното живеење на Скопје, со низа настани ќе се вклучи во годинашната скопска „Бела ноќ“ која ќе се одржи утре, сабота, 1 октомври. И во активностите за едно од најпрепознатливите скопски случувања, Библиотеката се обидува да стигне до што повеќе свои членови, но и до пошироката публика.

— реклама —

Програмата започнува во 12 часот во Библиотеката „Другарче“ со Работилницата за деца (од 3-7 години), која ќе ја водат Ана Голејшка Џикова и Ангела Георгиевска.

— реклама —

Во исто време, во „Паркот на поезијата“ во Централната библиотека ќе се одржи Клубот на читатели за романот „Сфинга на гневот“ од Жарко Кјунџиски. Насловот беше предлог-

книга за месец септември, кога ја започнавме големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Клубот на читатели ќе го води Денис Бојаров, а идејата е на

неформален начин на едно место да се соберат оние кои ја прочитале „Сфингата“, но и оние кои планираат да го направат тоа и низ разговор да отворат интересни прашања за

делото. „Клубот на читатели“ е планирано да прерасне во традиционална средба со која ќе се заокружува секој месец од кампањата „Читаме современи македонски автори“.

Во 20 часот, повторно во „Паркот на поезијата“ следува Поетско читање, на кое ќе настапат: Владимир Лукаш, Катерина Гогова, Митко Апостолов, Д.А.Лори, Андреј Ал-

Асади, Софија Тодоровска, Диме Данов. Модератор на настанот е поетесата Биљана Стојановска. Во 21 часот следува музичкиот настап на дуото Jazzna Dares од 21 часот.

Библиотеката е средиште на културата и меморијата, но и на актуелните случувања за кои ги отвораме своите врати – истакнува тимот на Библиотеката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања