Промени тема
Контакт

Граѓани да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nato-mkd-3-1170x780

Воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет покажува колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена, вели СДСМ.

„Ова ни покажува колку за нас, за Северна Македонија е важно членството во НАТО алијансата.

Со нашето членство во НАТО, успеавме да ја исполниме нашата стратешка цел, обезбедивме сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет.

— реклама —

Нашите граѓани да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот.

Во услови на дополнително продлабочување на енергетска криза, од исклучителна важност е што новата Влада предводена од СДСМ исправно се постави.

— реклама —

Сите ресурси ги насочивме кон соочување со последиците од енергетската криза и презедовме мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

— реклама —

Будно ги следиме светските економски текови и делуваме во насока на заштита на домашната економија и стандардот на граѓаните.

СДСМ продолжува да спроведува одговорни политики и кон граѓаните и кон државата.“, се вели во сооштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања