Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Граѓаните добија уште едно признание – во Владата на Мицкоски врие од бугарски пасоши“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library4jn6vnlnil3af9na4JU

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека во Владата има голем број функционери со бугарски пасоши.

Филипче рече дека владејачкото мнозинство го одбило предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства.

— реклама —

„Се поставува прашањето зошто тоа го направија? Затоа што пола влада требаше веднаш да си замине“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој оцени дека власта покажува лицемерие, бидејќи, според него, дел од функционерите поседуваат бугарски државјанства, а истовремено се противат на внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот.

Во своето обраќање, Филипче повторно го спомена Преспански договор, наведувајќи дека претставници на ВМРО-ДПМНЕ веќе признале дека договорот ги заштитил македонскиот идентитет, јазик и култура.

— реклама —

Тој посочи и дека членството во НАТО придонело за безбедноста и бизнис-климата во државата, обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ дека порано се спротивставувала на евроатлантските интеграции.

— реклама —

Филипче порача дека внесувањето на Бугарите и другите малцинства во Уставот треба да се случи што поскоро, оценувајќи дека тоа ќе придонесе за продолжување на европскиот пат на државата.

„Реформи сега и Европа сега“, порача лидерот на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања