Промени тема
Контакт

Граѓаните ги очекува нов ценовен шок , вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0128

Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на електричната енергија, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Нема повисоки плати, повисоки пензии, социјална помош, нема ниту повисоки субвенции за земјоделците, ниту пак капитални инвестиции, ама затоа за граѓаните ќе има повисоки сметки за електрична енергија за над 20%.

— реклама —

Владата на Ковачевски заради својата неспособност ќе ги награди граѓаните со нови енормно повисоки сметки за струја.

— реклама —

Со ова покачување на цената на електричната енергија се очекува и зголемување и на така веќе двоцифрената инфлација, а со тоа и покачување на цената на сите основни прехранбени продукти.

Без конкретни мерки, без помош за стопанството за излез од кризата, секојдневно се затвараат компании, а граѓаните остануваат без работа заради неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ.

— реклама —

Додека министрите во владата јадат од златниот прибор од над 40 илјади евра, граѓаните не можат да врзат крај со крај во месецот.

— реклама —

За работниците и вработените во јавниот сектор владата нема пари во буџетот за линеарно зголемување на нивните плати од 2.806 денари. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатот за зголемување на платите и е од страна на работниците и нивните права.

Единствено што знаат функционерите на СДСМ и ДУИ е да работат за својот џеб и своите луксузирања, а не за доброто на државата и народот. Премногу е, изборите се единствено решение“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања