Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Граѓаните јасно им порачаа на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ дека се против деструкции и блокади, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Граѓаните јасно им порачаа на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ дека се против деструкции и блокади, дека не ги поддржуваат анти државните делувања и не се за предвремени избори, вели СДСМ

— реклама —

„Слабиот одѕив, лошата организација, неуспешноста на митингот на ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека граѓаните препознаваат дека нема ништо ново од Мицкоски.

Граѓаните порачаа дека се против блокада на државата во клучни моменти и против обидите да се попречи успешното справување со најголемата економска и енергетска криза.

— реклама —

Мицкоски требаше да ја стави пратеничката група во функција на граѓаните и законските решенија за подобрување на животниот стандард во услови на глобална криза но тој продолжува со својата тврдоглавост на штета на граѓаните.

— реклама —

Граѓаните знаат дека Мицкоски, кој брани криминал од епски размери, потврден со судски одлуки, како Талир 2, кој незаконски грабал од народот за криминално да го направи Белиот дворец нема друго да понуди.

Знаат дека човекот кој едно зборува дома, а друго надвор не може да биде опција за иднината.

— реклама —

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат пораката од граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања