Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Граѓаните ќе го казнат Заев и Филипче за сите овие црнила и злодела кои и ги нанесуваат на здравството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
slika-4-1

„Хаосот во здравствениот систем е се повеќе очигледен. Народот виде дека Заев и Филипче донесоа црнило во здравството.

Во предизбориетo Заев ветуваше бесплатно лекување за сите граѓани на Република Македонија. Токму тоа Заев го има ветено на митинг на 2 декември 2016 година - „Ви реков болничко лекување ќе биде бесплатно за сите. За секој да може да биде болнички згрижен ако има потреба од тоа, никој да не страда“. А, сега делумно го обезбедува за одредени групи граѓани. Очигледно манипулацијата му е главна алатка. Македонскиот народ нема кратко паметење.

— реклама —

Со самиот почеток на оваа година не само што сите граѓани не добија бесплатно болничко лекување туку и се зголеми партиципацијата. Врз основа на самата партиципација која што ја плаќаат пациентите е покачена за дури околу 20-30%, тоа значи дека пациентите ќе плаќаат поскапо.

Затоа граѓаните ќе го казнат Заев и Филипче за сите овие црнила и злодела кои и ги нанесуваат на здравството“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања