„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Граѓаните покрај замрзнат глушец во храна пронашле и стакло, шајка, парче од хируршка ракавица - од каде се увезуваме храна?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
thumbs_b_c_4fb7ae4b44fb8c1d641c62cb0752ad90

Компири се увезуваат од Хрватска, Србија, Косово, Австрија, Босна и Херцеговина, Франција и Грција, домати од Албанија, Грција, Турција, Италија, но и од Белорусија. Лук доаѓа од Кина, праз, краставици и корнишони од Албанија, но и од Грција и Србија. Сушен зеленчук, цел или сечен на парчиња, на македонскиот пазар е дури од Индија и од Кина. Грав има од Киргистан, Молдавија, Египет, а леќа од Канада и од Русија. На домашните пазари се наоѓаат и увозни јагоди од Албанија и Грција, а помали количини од Холандија и Белгија. Свежи сливи доаѓаат и од Србија, Јужна Африка, Бугарија, Босна и Херцеговина, но и од Шпанија, Чиле, Албанија, Грција, Италија, Јужна Африка и малку од Бразил. Се увезуваат и праски од Грција и Русија, а најмногу дуњи од Грција и Турција, како и круши, јаболка, лубеници, трпезно грозје, риба свежа и замрзната, замрзнати производи, речиси сите видови месо и преработки, млечни производи, па дури и замрзнати пекарски производи, објави Слободен печат. 

— реклама —

Огромен е списокот на увезена храна што преку трговијата се пласира до македонските потрошувачи, а колку е подолг синџирот на храна, толку е поголем ризикот од нејзино загадување. Последниот случај со пронајдениот глодар во замрзнат зеленчук, не е ни прв, а ни последен. Евиденцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство покажува пронајдени парчиња стакло, шајка, делови од хируршки ракавици, но и мувла, производи со поминат рок на траење…

– Во Базата на податоци на Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ до крајот на март се евидентирани вкупно 98 граѓански претставки. Според наводите, за присуство на контаминенти се евидентирани вкупно 9 претставки. Од нив, две се однесуваат за пронајдено парче пластика во производ, а по една претставка е поднесена за наводно присуство на парче стакло, шајка и парче од хируршка ракавица во храна. Останатите претставки се однесуваат за присуство на мувла во производите – велат за „Слободен печат“ од Агенцијата за храна и ветеринарство.

— реклама —

Текстот во целост на: Слободен печат. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања