Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Граѓаните разочарани: „Луѓе од надвор се борат повеќе за Македонија, отколку ние самите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
271677508_733133437657379_5055645123946271102_n

Хрватскиот македонист Горан Калоѓера кој е и надворешен член на МАНУ бара реакција од Академијата но и од македонистичките научни институции (Институт за македонска литература, Институт за македонски јазик и Институт за историја) да реагираат на провокативните и неточни изјави на бугарската потпретседателка Илијана Јотова викендов во Битола.

„Се согласувам со г-ѓа Јотова, најверојатно така се вика, само во едно. Нема поубаво шеталиште од битолското. Останатото, што го кажа е чиста провокација, дрскост, безобразност и (не верувам дека е толку глупава) и невистина. Како прво, мислам дека г-ѓа Јотова нема поим што е ренесанса, второ, ренесансата како стилска формација не постоела ниту во бугарската ниту во македонската литература. А да се нарече Битола центар на бугарската ренесанса не е само провокација и дрскост, туку и историска лага. Госпоѓата очигледно мислела на преродба, а и во тоа има згрешено. Битола отсекогаш била „конзулски“ толерантен град и таму да се зачнува (почне) бугарска преродба, тоа да ми извините е „пизд…а“ од светски размери исто како и изјавата дека Зборникот е дело на бугарски преродбеници, истакнува Калоѓера во својот пост на ФБ.

Калоѓера вели дека нема намера да ја оспорува глупоста на Јотова, која според него има очигледна цел како дел од бугарската елита да ја детронизира (поништи) Македонија како држава и „да уништи се што е македонско“. Но се чуди зошто никој не реагира на провокациите на Јотова и дали навистина некој решил да ја продаде државата.

Објавата за кратко време се прошири на социјалните мрежи, а граѓаните исто така го изразија своето незадоволство од Владата и институциите.

— реклама —

„Срам ми е од тоа на кое дереџе сме, срам ми е од тоа која мизерија и понижувања ги живееме“, „Да си прочитаме за сопствената беда“, се само дел од коментарите.



— реклама —

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања