Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Граѓаните сè поретко се жалат на казните од „Safe City“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryeb79874sfn40ev4Bmi3

Бројот на приговори за прекршочните налози издадени преку системот „Safe City“ значително опаѓа, покажуваат податоците на Основниот кривичен суд Скопје за април годинава.

— реклама —

Според судот, во текот на месецот биле поднесени вкупно 38 приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка. Од нив, 32 се од физички лица, а 6 од правни лица.

— реклама —

Од Кривичниот суд информираат дека, паралелно со намалениот број нови приговори, во тек е и завршување на предметите по претходно поднесените жалби.

— реклама —

„Бројот на граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд, во четвртиот месец е значително намален, а воедно веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговори“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

— реклама —

Системот „Safe City“ се користи за автоматска евиденција на сообраќајни прекршоци, по што се издаваат прекршочни налози, а граѓаните имаат можност да поднесат приговор доколку не ја прифаќаат одговорноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања