Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Граѓаните во 2019 најмногу јаделе леб, јајца, ориз, пилешко месо, макарони, компири...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
market
Илустрација

Леб, јајца, ориз, пилешко месо, макарони, компири, пиперки, домати, сирење, биле најчестите продукти на трпезата на македонските граѓани во 2019 год.  Според податоците на Државниот завод за статистика, граѓаните се големи консументи и на цигари, едно домаќинство годишно просечно троши 136 кутии.

Статистиката вели дека едно домаќинство просечно троши 257,4 килограми леб, 675 парчиња јајца, 46,5 килограми пилешко месо, 19,8 килограми макарони, 25,7 килограми ориз, 23,7 килограми сирење, 97,4 килограми компир, пиперки 60,7 килограми.

— реклама —

Се пиеле 23,9 литри млеко и 47,3 литри јогурт.

— реклама —

Од пијалаци граѓаните најмногу консумирале минерална вода 93 литри, безалкохолни пијалаци 90,6 литри, природни овошни сокови 2,1 литри. Од алкохол најмногу се пиело пиво 36 литри, вино 5,6 литри и природна ракија 1,5 литар.

Кафе едно домаќинство годишно трошело 8,1 килограм, додека какао 0,7 килограми.

— реклама —

Од риба граѓаните најмногу користеле ослиќ 16,7 килограми, свежа пастрмка 1,8 килограм, свеж крап 0,5 и црвеноперка 0,4 килограми.

— реклама —

Пилешко месо се јадело 33,7 килограми, пилешки стек 12,8 килограми, јунешко месо без коски 15,7 килограми, телешко месо со коски 1,8 килограм, телешко месо без коски 5,4 килограми, свинско со коски се трошело 12,7 килограми, свинско без коски 10,9 килограми, јагнешко 1,7 килограм, јунешки џигер се консумирал 0,7 килограми, пилешки 2,3 килограми.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања