Денеска во хотел „Хилтон“, Граѓанско Демократската Унија заедно со Движењето на Слободни Граѓани ја објави својата коалиција за претстојните парламентарни избори.
“Ние од Граѓанско Демократската Унија и Движењето на Слободни Граѓани, активисти и приврзаници, се здруживме да го предизвикаме овој корумпиран политички систем за да и ставиме крај на оваа „партиска диктатура“ која не ограничува, осиромашува, која не гуши и иселува од земјава , која секојдневно не обезвреднува и понижува“, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Движење на слободни граѓани.
Тие во продолжение на истото додаваат:
Се обединивме затоа што сакаме Македонија да биде правна држава.
Затоа што властите секојдневно ги газат граѓанските права и слободи.
Затоа што партиските бирократии глумат јавна администрација.
Затоа што политичкиот систем во Македонија е корумпиран.
Затоа што не сакаме Македонија да биде изолирана.
Затоа што профитот на неколкумина е поважен од животот на многумина.
Затоа што новинарите се слободни да го напишат она што им е наредено.
Затоа што судските постапки траат подолго од животот на граѓаните.
Затоа што образованието е во рацете на партиските јуришници.
Затоа што јавниот здравствен систем е опасен по живот.
Затоа што корумпираноста е доблест, а чесноста – срам.
Затоа што криминалот се исплатува.
Затоа што...
Затоа... стои во заедничкото соопштение.
фото:ГДУ