Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Границите со Грција остануваат затворени и во следните две седмици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Одлуките за привремено ограничување на копнените граници со Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 30 септември, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за двете министерски одлуки, кои во изминатите месеци се продолжуваа на секои две седмици.

— реклама —

Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија" се за временскиот период од 16 до 30 септември 2020 година и се однесуваат патните и железничките поврзувања на Грција со Македонија, Албанија и на Турција.

— реклама —

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

— реклама —

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања