Претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева во објава на Фејсбук ја коментира изјавата на американскиот заменик помошникот на државниот секретар Габриел Ескобар и реакциите по неа.
„А што очекуваа луѓево од Ескобар? Како да не нарече после договорот од Преспа? Според тој договор, на секој медиокритет треба да му е јасно дека се што е македонско, Грција го присвои. Секоја можна идентитетска одредница. Затоа со денови протестиравме, ама некои сега тазе разбудени, тогаш преспаа се.
И сега станавме “православни” што е безобразлук и глупост во најмала рака. Но, кога им укажувавме на “нашиве” и им укажуваме на погубноста на договорот, се прават недоветни (какви што впрочем, се).
Следниот пат ќе не нарече Балканци, во најдобар случај.
И пак ќе бараме “извинувања”. Што од нив? Абе договорот по Вардар, само тоа е чаре!!!“ – напиша Грчева.