„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Грчева: Пратениците добро да размислат, ќе се посрамотат, а договорот ќе биде поништен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
solza-770x444

Во пресрет на последното гласање за уставните промени, Глас за Македонија им порачува на сите граѓани, на меѓународната заедница,  на Република Грција, дека наредната влада на Република Македонија, со полно право ќе го поништи овој штетен договор.

— реклама —

„Договор кој се заснова на кршење на волјата на мнозинскиот народ, прекршување на постојниот устав, на уценети пратеници, на селективна и наменска, противуставна амнестија,  на ослободени криминалци, на насилство без преседан на правната држава, секоја наредна влада ќе има не само право, туку и должност да го поништи.

Им порачуваме на пратениците добро да размислат за последиците кои ќе резултираат со големи и непремостливи поделби кај македонскиот народ, да размислат дека нема цена за губењето на идентитетот и државотворноста на македонскиот народ. Да не се осмелат да ги поништат нашите стекнати права, нашето право на самоопределување. Дали не се свесни дека ја отвораат вратата и за федерализација на државата со постојаните барања на некои албански партии и со променетата преамбула?

— реклама —

Одговорноста е на нивни плеќи, на оние кои не ја почитуваа јасната волја на народот на последниот референдум. Последен момент е да не подлегнат на уцени, ветувања, и јавната полза да ја стават пред сопствената. Ќе се посрамотат за вечност, а договорот ќе биде поништен“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања