Иако беше предводник на движењата за Бојкот на Реферндумот и на Претстедателските избори, за парламентарните вели дека бојкот не е опција и најавува учество на нејзината партија. Грчева, која во Парламентот не го поддржа изборот на Катица Јанева за прв човек на СЈО, сега после аферата рекет вели дека се чувствува горда, објави Прес24.
-Горда сум што единствено јас не гласав за Јанева, за што бев изложена на жестоки напади и хистерија. Среќна сум што се укина оваа пара институција која тонеше во непотизам, која селективно отвораше смешни предмети, а сериозните ги компромитираше, која делеше или укинуваше притвори од ракав. Или уште полошо, од интерес. Самите преговори кои течат сега помеѓу власта и опозицијата за законот за ЈО, но и за името на обвинителот кој ќе застане на чело на одделението за организиран криминал, се јасен знак дека независно судство ниту има, ниту ќе го има во скоро време, вели Грчева.
Таа не верува во независна истрага за овој, случај, како што не очекува дека власта и опозицијата ќе направат вистински реформи во правосудството.
-Повторно целта е главните актери да останат во сенка, а извршителите да ја понесат целата кривица. И додека ние тонеме во селски итроштини и бараме Луј Витон торба со пари, специјалната обвинителка од Романија, г-ѓата Ковеси стана главен европски обвинител. Нашата, стана трговец со прислушувани разговори и жител на Шутка. Дно, вели Солза Грчева, претседателка на „Глас за Македонија“ во интервју за Прес24.