Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Грците бараат предвремени избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

— реклама —

Поголем дел од Грците, 62 проценти, сакаат во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори, пишува во неделното издание весникот „Етнос”, повикувајќи се на резултатите од анкетата спроведена од социолошката агенција „Капа рисрч”.

— реклама —

Според резултатите, 44 проценти сакаат парламентарните избори да се одржат пред мај, а 18 отсто – заедно со локалните и европските избори во мај.

— реклама —

Опозициската Нова демократија и натаму ужива најголема доверба, со 25 проценти поддршка, додека владејачката СИРИЗА е на второ место со 20,3 проценти. На трето место е екстремно десничарската  Златна зора, која има доверба на 7,9 отсто испитаници, а по неа следува левичарско „Движење за промена“ со 6,4 отсто и Комунистичката партија на Грција со 5,6 отсто. Другите партии, според истражувањето, нема да влезат во парламентот.

Во анкетата е испитан и ставот на Грците кон движењето на „жолтите елеци” во Франција, па 47 отсто декларирале поддршка за движењето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања