Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Грците добија крематориум, противењето на црквата пропадна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
krematorium

Во Грција е отворен првиот крематориум по неколкудецениско спротивставување на Грчката православна црква (ГПЦ), која смета дека кремирањето е непочитување на телото.

Крематориумот се наоѓа во Рицона, оддалечена 80 километри од Атина, а е изграден од приватна компанија за четири милиони евра. Петнаесет години откако беа легилизирани кремирањата во Грција веќе има изведено околу 30 кремации, бидејќи крематориумот започна со работа уште пред службеното претставвуање на јавноста.

— реклама —

– Црквата не прифаќа спалување на телото затоа што тоа е храм на Светиот Дух. Секој што искажува намера да се кремира го потврдува своето раздвојување од Црквата и затоа нема право на верски обред  – соопшти претходно Црквата.

Грците досега беа принудени да одат во странство за да обезбедат кремирање на нивните починати најблиски, со што соседната Бугарија беше најблиската дестинација што нуди ваква можност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања