„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Грчката амбасадорка повикана во албанското МНР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Грчката амбасадорка во Тирана, Елени Сурани е повикана во албанското Министерство за Европа и за надворешни работи, во врска со инцидентот во селото Бралат, кај Ѓирокастро.

— реклама —

Според Министерството, на амбасадорката и била соопштена јасната позиција на албанските власти за тоа кој треба да го истражува овој настан.

– На амбасадорката Сурани и беше кажано дека за тешкиот настан истрага врши албанското обвинителство. Оваа институција е единствен авторитет кој, врз основа на Уставот  и албанскиот кривичен законик, врши независна истрага за секој вид дело што се случува на територијата на Република Албанија, се наведува во соопштенето од албанското министерство.

— реклама —

Министерството побарало „воздржаност и непридавање политички или дипломатски бои на ова прашање. Во исто време гарантирало дека Албанија е безбедна и мирна земја за сите свои граѓани, вклучувајќи ги тука и оние од грчка етничка прпадност“.

Претходно, дописникот на тиранската телевизија Ора њуз од Атина јави дека сестрата на убиениот Константинос Кацифас(35)  поднела пријава во Обвинителството по што е предадена до Обвинителството во Атина за натамошна постапка. Семејството бара истрага за убиството да води грчкото обвинителство.

Кацифас, албански Грк со грчко државјанство, беше застрелан во престрелката со полицијата кај Бралат од страна на припадниците на специјалната единица „Ренеа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања