Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Грчкиот службен весник го објави Законот за Договорот од Преспа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
parlament-grcija

Законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа е објавен во Службен весник на Грција, откако претходно, веднаш по ратификацијата од Парламентот, го потпиша и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА.

— реклама —

Со објавувањето во Службен весник со датум 25 јануари 2019, договорот меѓу двете земји веќе и официјално е закон во Грција.

— реклама —

Законот од Министерството за надворешни работи на Грција под наслов „Ратификација на конечниот договор за решавање на разликите како што се објаснети во одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), прекинување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, содржи 3 члена.

— реклама —

Првиот член е договорот во целост на англиски и преведен на грчки јазик. Вториот член се однесува на подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат. Третиот член објаснува дека законот стапува на сила по објавувањето во Службен весник, а договорот стапува на сила по ратификацијата и по исполнување на предусловите, согласно членот 20.

Веднаш по ратификацијата, го потпиша претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и го отвори патот за објавување на законот во Службен весник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања