„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Грчкото МНР го осуди нападот врз Американската амбасада во Атина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
ambasada

Нападот врз американската Амбасада не може да ги повреди силните, долгогодишни врски на пријателство меѓу наште народи и односи Грција- САД, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во за денешниот напад со боја врз американската амбасада во Атина од членови на анархистичката група „Рубикон“, јави дописничката на МИА од Атина.

— реклама —

– Го осудуваме фрлањето боја од членови на анархистичка група во дворот на Амбасадата на САД, што предизвика материјална штета. Ваквите активности не може да ги повредат силните, долгогодишни врски на пријателство меѓу наште народи и стратешкиот однос Грција – САД, што се зајакнува во особено клучен период за нашата земја и регионот, соопштуваат од грчкото МНР и додаваат дека надлежните власти ги преземаат сите неопходни чекори за сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

Преку неговиот официјален Твитер профил реагираше и амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, кој го осуди „бесмислениот вандализам на амбасадата“ и ѝ се заблагодари на грчката полиција за брзата реакција.

— реклама —

МИА

фото: 1 ТВ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања