Во вербалната нота до Грција, Македонија потврди дека во Преспанскиот Договор, терминот Македонец важи само за државјанство, а не и за национална етничка припадност, како што беше потврдено од грчкото МНР од каде велат дека не ја признаваат македонската нација, а и од премиерот Алексис Ципрас кој вели дека Македонец значел само државјанство, а не и етничка припадност.
Премиерот Зоран Заев вели дека во членот 7 од договорот јасно определува, страните прифаќаат дека нивното односно разбирањето на термините Македонија и македонски, се однесува на различни историски контекст и културно наследство, и опишува во однос на првата страна, тоа е грчката страна и во однос на втората страна, тоа е нашата страна, кои што ги определуваат термините и означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлуки се нивната сопствена историја, културно наследство, кои се особено различни од оние кои се наведени во членот 7, ставот 2. Значи од Грција јасно е дистинкција прави, тоа е убавината и модалитетот којшто самиот Договор го дава на еден пријателски начин.
Исто така, втората страна изјавува дека нејзиниот официјален јазик македонскиот јазик, спаѓа во групата на јужно-словенски јазици. Двете страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на втората страна, не се поврзани со етничката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на првата страна. Ниту една одредба на оваа спогодба нема за цел на кој било начин да ја поткопи измени или да влијае на употребата од страната на граѓаните на двете страни.
Во ваков еден контекст, да се радуваме дека Грција овие денови ќе донесе одлука. Договорот регулира државјанство, нашата етничка припадност како Македонци е право на самоопределување. Тоа право на самоопределување од Грција е признаено и никогаш повеќе нема да биде оспорено, и во меѓународните конвенции чувството на припадност е регулирано право, проблемот кај нас беше што правото на самоопределување досега беше оспорено, закочено или слично. Повеќе Македонија нема вакви проблеми. Јазикот е нашиот идентитет, културното наследство, историското наследство, е нашиот идентитет. Уште еднаш во нашиот Устав под членот 49, став 1 е потврдено Републиката ги штити и гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ. Амандмани прифатени од Грција и апсолутно во духот на Договорот ги тераме сите постапки, јас му посакувам среќа на грчкиот Парламент да ја донесе одлуката и да продолжиме да градиме пријателство како што очекуваат граѓаните од нас, истакна премиерот Зоран Заев.