Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Грипот коси, амбулантите полни, се враќаат заштитните маски во болниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
DSC_0683

Амбулантите се полни со заболени од грип. Според податоците на Институтот за јавно здравје, од почетокот на сезоната на грип во октомври, регистрирани се 196 заболени, а бројот во јануари драстично се зголеми на 1.025 заболени. Досега од последици од грип починале 6 лица, последен случај е жена на околу 45 години, со претходни сериозни коморбидитети.

Она што загрижува е информацијата дека пикот се уште не е постигнат. Но, на седницата на

— реклама —

Комисијата за заразни болести не е препорачано да се пролонгира почетокот на второто полугодие во училиштата, туку да се внимава на хигиената и да се проветруваат просториите.

— реклама —

Заштитните маски како задолжителни се враќаат во здравствените установи за вработените и пациентите како и во домовите за стари лица, се забрануваат посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, ова се препораките на Комисијата за заразни болести.

— реклама —

Препораките одат до Министерството за здравство, а за нив последниот збор го има Владата.

Од Институтот повторуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација против сезонски грип особено на лицата што припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно со препораките на СЗО, односно лица над 65 години, малите деца, хронично болните лица, бремените жени, како и здравствените работници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања