Промени тема
Контакт

Грковска-Аксинте: Реафирмирана романската поддршка за што поскора европска интеграција на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17032022_ZPVRSM-Grkovska_sredba

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска ја прими амбасадорката на Романија во нашата земја Адела Моника Аксинте.

Посакувајќи ѝ успешен мандат, романската амбасадорка Аксинте на вицепремиерката Грковска ѝ ја пренесе подготвеноста за продолжување и зајакнување на соработката во рамки на надлежностите за креирање политики за добро владеење и унапредување на европските реформи.

На состанокот беше истакната определбата на Владата за што поскоро да започнат преговорите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, потенцирајќи дека тие се многу важни за остварување на бенефитите на сите граѓани во земјата.

— реклама —

На средбата беше реафирмирана романската поддршка за почеток на преговорите на нашата земја за членство на Унијата, при што позитивно беше оценета новата енергија во односите со Бугарија, како можност за што поскоро исполнување на европската интеграција.

— реклама —

Соговорничките заеднички се согласија за важноста на европската перспектива на нашата држава, која, како што беше речено, значи охрабрување не само за граѓаните на Северна Македонија, туку и за европерспективите на сите други држави од Западен Балкан.

На средбата беше позитивно оценета брзата реакција на Северна Македонија во однос на војната во Украина, усогласеноста со санкциите и мерките на ЕУ, при што беше посочено дека членството во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста на сојузниците во регионот.

— реклама —

Беше изразена подготвеност за конкретна соработка по однос на сите важни области и прашања во насока на унапредување и динамизирање на политиките за добро владеење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања