Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Грковска: Jавноста мора да има лесно достапни информации како се трошат буџетските средства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20042022_ZPVRSM_Grkovska_sednica_2

На предлог на заменик -претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска Владата на Република Северна Македонија ги задолжи сите буџетски корисници да ја унапредат транспарентноста во процесот на јавните набавки и сите податоци да ги објавуваат на своите веб-страници.

Согласно Информацијата за унапредување на транспарентноста и отчетноста за буџетските корисници преку објавување на основните информации за јавните набавки на интернет страниците на институциите што беше усвоена на вчерашната 40-та седница, сите буџетски корисници и единки корисници, се должни во рок од 30 дена да креираат посебен дел (таб) на своите веб-страници насловен „јавни набавки“ и редовно да ги објавуваат следните информации и документи:

— реклама —

- Годишен план за јавни набавки,

- Огласи за јавни набавки (линк од објавата на ЕСЈН),

— реклама —

- Известувања за склучени договори (линк од објавата на ЕСЈН),

- Склучени договори и

— реклама —

- Известувања за реализирани договори (линк од објавата на ЕСЈН).

Истовремено, Владата им укажува и на јавните претпријатија основани од државата и на акционерските друштва во државна сопственост, и им препорачува и на општините, како и на јавните претпријатија во општините и градот Скопје да го следат примерот за поголема транспарентност при спроведувањето на јавните набавки.

— реклама —

На овој начин, образложи вицепремиерката Грковска, јавноста ќе има брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за начинот на којшто институциите ги трошат буџетските средства преку јавните набавки.

Брзата, лесна, едноставна и разбирлива достапност на овие информации за граѓаните ќе ја зголеми отчетноста на институциите и нивната одговорност во јавните трошења, а на граѓаните ќе им овозможи увид како и за што се трошат нивните пари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања