Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Грковска-Кежмах: Судиите мора да ја чуваат својата независност, не смее да има солидарност за оние кои се корумпирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во Љубљана, Република Словенија, имаше работен состанок со потпретседателката на словенечкиот Судски Совет, Уршка Кежмах, со која размени мислење за механизмите за унапредување на независноста и интегритетот на Судскиот совет.


— реклама —

Вицепремиерката Грковска ги сподели предизвиците со кои се соочува македонскиот Судски Совет, кои придонесоа за губење на кредибилитетот на оваа институција. Таа информираше дека минатата недела во Северна Македонија заврши оценската мисија од страна на Европската комисија, која ја предводеше хрватскиот експерт и судија Бранко Хрватин. Во наредниот период, додаде таа, се очекува да пристигне Извештајот од оценската мисија, по што, нашата држава ќе мора да пристапи кон сериозни реформи.


Во таа насока, додаде Грковска, за нас ќе биде многу важно искуството на земјите членки на Европската Унија во примената на европската регулатива, особено во правосудниот систем и унапредувањето на независноста и јакнењето на интегритетот.


Вицепремиерката Грковска информираше дека на експертскиот тим делегиран од Европската комисија му доставила конкретни предлози преку кои може да се надминат слабостите во Судскиот Совет, а кои се однесуваат на унапредување на мерит системот и на критериумите за избор на судии, унапредување на транспарентноста при изборот, како и низа други решенија во насока на зајакнување на професионалноста, независноста и ефикасноста на оваа институција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања