Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Грковска: Криминалците се жилави во изигрување на законот и мора да работиме на минимизирање на просторот за маневри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


„Криминалците се жилави во изигрување на законот и мора да работиме на минимизирање на просторот за маневри кога станува збор за избегнување на одговорност и зачувување на криминално стекнатиот имот“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на јавната расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, која денеска се одржува во Клубот на пратеници.

— реклама —

Грковска посочи дека донесувањето на едно вакво законско решение е неопходно во нашиот систем како дополнителен антикорупциски механизам. Бидејќи, како што појасни таа, праксата покажува дека поради постоечките празнини во легислативата недоволно се санкционира коруптивното и криминално постапување, дури и во случаи кога криминалот е очигледен, а имотот несразмерен на законски стекнатите приходи.

— реклама —

Предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка цели кон заштита на јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што се оневозможува каква било корист од имот, за кој, во постапката согласно овој закон, ќе се утврди дека не бил стекнат од законски извори. Со овој закон се ограничува правото на сопственост во согласност со Уставот, законот и меѓународните стандарди и праксата на ЕСЧП за овој вид на конфискација.

— реклама —

Истакнувајќи ги придобивките од законот, вицепремиерката Грковска нагласи дека тој не претставува замена за конфискацијата во кривична постапка, туку е дополнителен помошен инструмент и механизам. Таа дополни дека особено е важно што со законот се предвидува можност конфискуваниот имот во граѓанска постапка да биде даден на користење за остварување на социјалните потреби и цели во општеството.


„Ние сме мала земја, со многу јавни тајни, а многу малку разрешници. И тоа придонесува за уште поголемо чувство на немоќ на обичниот граѓанин, но и драстично ги изместува клучните вредности во заедницата. Па така доаѓаме до ситуации кога тие што отворено ги манифестираат плодовите на својот криминал, да бидат рол модели за нашите млади. И токму оваа фактичка ситуација треба да ни биде најголемиот мотив за да го подобриме пристапот и механизмите во справувањето со корупцијата и организираниот криминал и да воведуваме конкретни алатки со кои оваа борба ќе стане поуспешна и со повидливи резултати“, изјави Грковска.


Изработката на предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка започна со изработка на нацрт текст заснован на физибилити студија и анализа на состојбите и моделите на конфискација во модерните правни системи, која беше подготвена во соработка на Кабинетот за политики за добро владеење со Советот на Европа. Врз таа основа, формалната работна група го изготви предлог законот кој е предмет на денешнава јавна расправа. Подготовката на новото законско решение веќе е дел од Патоказот- Владеење на право, од Кластер 1 – Основи и за овие активности постојат рокови чијашто реализација ја следи Европската комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања