Промени тема
Контакт

Грковска: Со координација на повеќе ресори и антикорупциските политики остваруваме транспарентен ефикасен систем и јавна администрација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
16122021_Sednica-na-Nacionalniot-komitet

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ говорејќи за надлежностите за ресорот кој го води, истакна дека позицијата на креирање на политики за добро владеење практично опфаќа еден широк дијапазон на координација на многу ресори.

Ресорот има координативна улога за креирање на политики кои ќе придонесат за транспарентно и ефикасно функционирање на институциите, поради тоа што многу често има постапки во кои се инволвирани повеќе институции.

— реклама —

„Ако една алатка во тие институции затаи процесот некаде стои. Многу често граѓаните реагираат дека се препраќани од една на друга страна затоа што за жал секој гледа да си ја префрли одговорноста, а ретко некој прифаќа да преземе одговорност и да решава проблем“, рече Грковска.

— реклама —

Таа оцени дека изминатите два месеци во координација со повеќе институции се надминати повеќе такви прашања.

— реклама —

„Во другиот дел одговорноста е во креирање на антикорупциските политики. Секоја политика која ќе придонесе за транспарентно и поефикасно работење на институциите и за процесот на дигитализација, стратегијата за дигитализација е патоказот по кој треба нашата држава да се движи во наредниот период во овој процес“, истакна вицепремиерката Грковска подвлекувајќи дека сите овие процеси се поврзани меѓу себе и нивното унапредување доведува до владината цел, да создаде еден потранспарентен, поефикасен систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања