Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Грковска – Троказ: Воспоставувањето вистински вредности во општеството е предуслов за демократски напредок и развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше состанок со Рене Троказ, специјален претставник за Западен Балкан на Француската Република. Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што Француската Република ѝ ја дава на Република Северна Македонија и особено ја поздрави одлуката на француската влада да делегира специјален претставник за Западен Балкан, со што ќе се зајакнат присуството и поддршката на земјите од регионот во рамките на реформскиот процес и евроинтеграцискиот пат.

— реклама —

Таа го информира специјалниот претставник Троказ за трите столба на кои се фокусира работата на нејзиниот Кабинет, а тоа се креирање антикорупциски политики, ефикасни, отчетни и транспарентни институции, како и дигитална трансформација на општеството. Грковска нагласи дека главна основа на овие политики мора да биде воспоставување вистински вредности во општеството и системот, што е предуслов за демократски напредок и развој.

— реклама —

Специјалниот претставник Троказ го поздрави овој пристап на градење политики и истакна дека Европската Унија дава приоритет на воспоставувањето заеднички вредности и создавање високи морални и етички стандарди. Двајцата соговорници разговараа и за можностите за идна соработка во рамките на реформскиот процес, при што се осврнаа на искуството што Франција го има во градењето ефикасна администрација, која ќе им служи на граѓаните и ќе биде неутрална.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања