Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Грковска: Во изминатите неколку месеци се (зло)употребуваше институтот спогодување за вина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
21092022_ZPVRSM_Grkovska_2

Во целиот синџир на институции кои се одговорни во борбата против организираниот криминал и корупција, ние треба да водиме сметка сите институции да бидат јаки и одговорно да си ја вршат работата. Една слаба алка може да го наруши тој систем. Ако, на пример, постапката нема сериозна завршница во судството, тогаш целиот систем пропаѓа во вода. И тогаш се зголемува недовербата кај граѓаните, изјави заменичката на  претседателот на Владата задолжена за креирање на политики за добро владеење Славица Грковска во интервју за „Макфакс“.

— реклама —

Во интервјуто Грковска се осврна на активностите на Кабинетот поврзани со зголемување на свесноста и отворање на прашањето во јавноста за институтот спогодување за вина, кој повеќе години постои во нашиот правен систем, но последниов период предизвика сериозно внимание во јавноста.

— реклама —
— реклама —

„Ги следев реакциите во јавноста и ја споделувам загриженоста за тоа како во изминатите неколку месеци се (зло)употребуваше институтот спогодување за вина. Без оглед за кого станува збор законите треба да важат за сите подеднакво. Не можам да прифатам независноста на институциите да биде параван за самоволие. Независноста на институциите би требало да биде уште поголем товар за одговорност. А посебно кога станува збор за вакви чувствителни институции “, потенцира Грковска.

— реклама —

Грковска истакна дека правосудните органи и судството се меѓу првите три што од страна на граѓаните се препознаени како институции во кои тие немаат доверба и за кои се смета дека има голема корупција. Ги охрабри поединците во институциите да бидат погласни против корупцијата и злоупотребите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања