Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Груби ако сака да споредува, нека спореди 7 милиони евра километар автопат во Србија, со 3 пати поскап километар во Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
avtopat-skopje-veles

Залудни се бајатите споредби на Артан Груби, за изградба на автопати, со тие во Србија и Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„На сите во Македонија е позната восхита на Груби кон Александар Вучиќ и Србија но овој пат, математиките околу споредбата на двата автопати, му се во најмала рака смешни.

— реклама —

За почеток, Србија распиша тендер за автопат и овозможи експропријација и т.н. „брза трака“ за документи.

— реклама —

Немаше промена на закони, кои се спротивни на Уставот, немаше изедначување на легалното со дивоградбите, немаше газење врз сопствените археолошки локалитети и секако немаше пенали од над 100-тици милиони евра! Имаше позната траса, со познат проект, без газење на законите за урбанизам и градење!

Понатаму, за 7 милиони евра километар автопат, Србија доби: Автопат 112 км, широк 30 метри, со 139 објекти на него, 84 моста, 26 надвозници, 3 подвозници, 10 раскрсници, познати како петљи, по три одморалишта и паркинзи. Но и регулација на реката Морава и нејзините притоки, како и изградба на телекомуникации по самиот автопат, за разлика од автопатот во Македонија, кој чини неверојатни 20 евра по километар, а за кој ништо не се знае, освен тоа што до денеска се исплатени околу 120 милиони пенали, без една даска да биде закована.

Пред ВМРО-ДПМНЕ, како партија која ќе ја формира идната влада има 2 опции.

Првата опција, е да се раскине договорот, пред судот во Париз да се изгуби по прифатените закони на Англија и Велс. Тоа ќе чини стотици милиони евра штета, но без квадрат поставен асфалт!

Втората опција, е да се зачува суверенитетот, да се зачува Уставот и законите и автопатот да се заврши во рамки на македонските закони и македонските процедури! Така би се продолжило времето на изградба, но и сумата, заради катастрофалниот договор и обврските преземени од криминалната влада на ДУИ, подржана од СДС.

ВМРО-ДПМНЕ има план, како да ја заштити државата и граѓаните од овој штетен договор“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања